(Фото) Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ уживаат во новиот дом

Српската пејачка Јелена Томашевиќ и нејзиниот сопруг глумецот Иван Босиљчиќ се пофалија на социјалните мрежи со фотографија од нивниот нов дом. Двајцата велат дека уживаат во него и дека не зажалиле што се преселиле на место покрај шума.

Двојката неодамна се отсели од својот стан во центарот на Белград, а сега споделија како изгледа внатрешноста од нивната куќа. Глумецот ја сликал дневната соба и дворот и веднаш доби позитивни коментари од фановите. Многумина ги пофалија за изборот на ентериерот.

Scroll to Top