(Фото) Јелена Вељача во љубов со советникот на Колинда

Хрватската глумица и продуцентка, Јелена Вељача, од неодамна е во љубов со Вито Туршиќ, поранешен советника на Колинда Грабар Китаровиќ. Двојката веќе не ја крие врската, а Јелена, која зад себе има два брака, вели дека и понатаму верува во љубов и дека би сакала да се омажи и третпат.

„Од првиот момент кога се запознавме со Вито, од нашиот прв разговор, ние бевмме во некое деловно опкружување. Тука немаше темели за заљубување, се поврзавме на сосема поинаков начин кој на крајот доведе до љубов. Вито е брилијантно паметен, искрен, нежен и бескрајно духовит“, рекла глумицата во интервју за „Слободна Далмација“.

Иако вели дека е прмногу рано да се зборува за брак, таа би сакала да се омажи и третпат. Претходно таа беше мажена за Јанко Поповиќ Волариќ и Драѓен Чучек, а има и едно дете.

„Верувам во љубов и во врски што траат. Но, по два пропаднати брака, навистина ќе мора да верувам дека љубовта е вистинска и дека ќе трае засекогаш“, додала таа.

Scroll to Top