(Фото) Карлеуша: Божик е за сите, и за татко ми Србин, и за мајка ми Словенка, и за дедо ми Хрват

Пејачката Jелена Карлеуша објави фотографија од божикниот ручек со своите ќерки. Таа рече дека иако е атеист, ја почитува традицијата.

„Иако сум атеист, среќна сум што ги учам децата на традициите на нашиот народ, но исто така и на традициите на Словенија, Хрватска, Босна, Косово, Црна Гора, Австрија, затоа што во нас тече крвта на сите тие народи. Татко ми е Србин, мајка ми е Словенка, едниот дедо ми е од Лика, другиот од Словенија, едната баба ми е од Босна, другата од Косово, прабаба ми е Австријка. Тогаш што сум јас? Јас сум човек. И јас ги сакам и почитувам сите религии и нации затоа што кога сè ќе се додаде и одземе, кога има неволја – сите сме исти. Единствената поделба е во нашите глави. Затоа, бидете добри луѓе и научете ги своите деца на вистинските вредности. Тие се подобрата иднина“, напиша Јелена под фотографијата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

Scroll to Top