По скоро три месеци пауза, вчера во Белград продолжи снимањето на шоуто „Ѕвездите на Гранд“. Најголемо внимание повторно привлече Јелена Карлеуша која дојде облечена во фармерки со пердуви и бикини. „Изгледа ја заборавила кошулата во брзање“, „Жено, уште не ги отворија плажите“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.
Инаку, популарното шоу почна да снима епизоди од третиот круг. Од продукцијата неодамна најавија дека ќе се снима само со кандидатите од Србија, а дека сите останати учесници што влегоа во третиот круг, ќе продолжат да се натпреваруваат догодина со уште неколку нови кандидати. Од шоуто откроија и дека овојпат аудициите ќе се одржуваат онлајн.