(Фото) Карлеуша со променет имиџ стигна во Истанбул

Српската пејачка Јелена Карлеуша за прв пат по смртта на нејзината мајка Дивна, заминала од Белград во Истанбул каде била во посета на нејзин пријател и пластичен хирург.

„Со мојот пријател, врвен доктор“, напишала Јелена на фотографијата.

Јелена на објавената заедничка фотографија со хирургот, добила голем број пофални коментари поради промената на имиџот. Пејачката сега има пократка коса.

Турските медиуми пишуваат дека по неколкумесечниот период на тага по нејзината мајка, на пејачката конечно повторно и се вратила насмевката.

 

Scroll to Top