Елена, ќерката на фолк-пејачот Миле Китиќ, е причината за разводот на Ана и Раста. Според српските медиуми, Ана пронашла љубовни пораки од Елена во телефонот на Раста, по што го исфрлила од заедничкиот дом. Раста и Елена се знаат одамна, а раперот речиси една година работел на нејзиниот албум.
„Односот на Ана и Раста долго време беше климав, меѓутоа кога таа дозна дека се допишува со Елена реши да стави точка на бракот. Тогаш сфати дека Раста ја лаже и дозна дека и пред да се венчаат биле во некаква комуникација и се гледале тајно“, открила пријателка на пејачката за „Блиц“.
Бракот на Ана и Раста и лани беше во криза. Тие неколку месеци беа разделени, по раѓањето на ќерката Тара, а се смирија на почетокот на оваа година, пред концертот во Скопје. Тогаш во интервју за „Репортер“ рекоа дека преживеале брачна голгота, но и дека за себе слушнале многу невистини од медиумите затоа што не сакаат јавно да зборуваат за својот живот.