(Фото) „Кога мајка ти ќе ти направи торта“, Марија Шерифовиќ славеше роденден

Марија Шерифовиќ наполни 36 години. Пејачката не го криеше задоволството што ѝ е роденден, а  се огласи на социјалните мрежи.

„Мои кукли, ви благодарам  за вашите љубезни желби и честитки. Денес, кога наполнив 36 години, морам да ви кажам една многу важна работа: Апсолутно не планирам да се однесувам согласно мојата возраст. Вашата Шеки ве сака сите“, напиша Марија на Инстаграм.

Исто така, Марија објави фотографија од необична торта што ја добила за роденден од својата  мајка Верица Шерифовиќ. Тортата е украсена со ликот на победникот на Евровизија од 2007 година, како и со слики од панда. „Кога мајка ти ќе ти направи торта“, напишала пејачката.

 

Scroll to Top