Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ со огнено оружје во рацете ги краси страниците на руското издание од модното списание „мари клер“ за кое даде и интервју. За фотосесијата и за интервјуто, Русите ангажираа италијански стилист, кој во Загреб отпатува со повеќе куфери полни со облека од познати дизајнерски бренодви, но Колинда инсистирала за време на сликањето да носи исклучиво облека од домашни дизајнери.
За списанието таа откри дека редовно вежба и го подобрува и одржува својот физички изглед. Позира со огнено оружје, ама и со штиклите качени на фудбалска топка.
https://www.instagram.com/p/Bn9cfj3HXQq/?taken-by=robi_koprivnicki
https://www.instagram.com/p/Bn8iG3UBI8t/?taken-by=vrsaljkoclub