(Фото) Колинда ги награди Манџукиќ, Чорлука и Субашиќ

Тројца поранешни фудбалски репрезентативци на Хрватска, Ведран Чорлука (32), Даниел Субашиќ (34) и Марио Манџукиќ (32) вечерва ја примија државната награда „Ред Кнез Бранимир“, која им ја врачи хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.

Ова одликување се наоѓа на шестото место по важност и се доделува на лицата кои се заслужни за промовирање на државата и угледот на меѓународно ниво. Наградата фудбалерите ја добија за учеството на Светското првенство во Русија 2018 година, кога го освоија сребрениот медал.

Во црни костуми, тројцата фудбалери позираа пред камерите, а моментот на одликување го споделија со пријателите на социјалните мрежи.

„Горд сум што сум дел од оваа сјајна екипа“, напиша Манџукиќ во својата објава.

Женската страна на обожавателите, не можејќи да одолее на згодните фудбалери, сподели голем број пофални коментари под фотографиите.

„Аууу какво парче. Дали сте вие фудбалери или манекени?“, беа дел од неколкуте коментари на обожавателките.

Одликуван беше одликуван и селекторот на „коцкестите“, Златко Далиќ.

„Колку убав пар“, напишала една од обожавателките на фотографијата на која Далиќ ја прима наградата од Колинда.

 

Scroll to Top