(Фото) Колинда во албум со сликички на „Панини“

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, ѕирка од зад Лука Модриќ на сликичка од златната серија на „Панини“, за албумот „ФИФА 365“. Иако Колинда е замаглена на сликата, фудбалските фанови ја препознаа и ја споделија на социјалните мрежи. По ова почнаа шегите на сметка на хрватската претседателка. „Влегува во соблекувални, скока од среќа, следно е да излезе од фрижидер. Или да нè поздрави од Марс“, е еден од коментарите на „Твитер“.

Модриќ се најде во новиот албум на „Панини“ бидејќи ја доби Златната топка на Светското првенство во Русија. Изборот на сликите го направиле од компанијата, а сосема случајно е избрана слика на која се гледа и Колинда.

Сликичката почна да се продава и преку „И-беј“ и може да се купи за едно евро.

Scroll to Top