(Фото) Конечно Северина се појави во јавност

By

Конечно по скандалот со фотографиите на разголената Северина денес се огласи во јавноста. Пејачката објави фотографија со нејзиниот син Александар и мајка ѝ Ана.

„На тераса“, напиша Северина за фотографијата  што ја објави. Под фотографијата се јавија со кометари нејзините обожаватели кои ѝ дадоа поддршка, велејќи ѝ „Кралица, насмевката е најсилно оружје, им го врати ударот на тие што зборуваат лошо за тебе, нека цркнат душманите“…

Последната објава на социјалните мрежи на хрватската пејачката беше во  неделата, непосредено пред да излезат сликите во јавноста. Тогаш Северина беше во друштво на фотографката Соња Дворник и угостителот од Сплит Марко Бралиќ, кој му е кум на хрватскиот фудбалер Иван Ракитиќ. Овие два дена додека трае фамата околу Северина во јавноста се огласија само нејзиниот менаџер Томислав Петровиќ, сопругот Игор Којиќ и Милан Поповиќ, поранешниот на Северина, кој тврди дека тој не стои зад оваа работа со фотографиите.

 

Ќе ви се допадне