Лепа Брена ја поканила поранешната партнерка на нејзиниот сопруг Бобо Живојиновиќ, на семеен ручек. Сите заедно биле видени во ресторан во Белград, а покрај нив биле и нејзиниот син Филип со Александра Пријовиќ и нејзината мајка Борка.
Во друштвото беше и мајката на Филип, Зорица Накиќ, поранешната сопруга на Бобо Живојиновиќ.
„Се собра фамилијата“, порача Брена и покажа дека меѓу сите нив владее вистинска хармонија.
Зорица и Бобо беа во брак во кој го добија синот Филип. Потоа поранешниот тенисер со Брена ги доби Виктор и Стефан. Тројцата браќа се во одлични односи, пишуваат медиумите.
Зорица во меѓувреме повторно се има омажено и ги има ќерката Ива и синот Марио.