(Фото) Марија Шерифовиќ облече венчаница

Марија Шерифовиќ посети ателје на свој пријател каде на шега проба една од неговите венчаници. Пејачката со фустанот се пофали на социјалните мрежи.

„Реков ДА!“, кратко прокоментира Шерифовиќ на објавената фотографија.

Фановите ретко имаат можност да ја видат поранешната евровизиска победничка во фустан, но овој пат таа реши да оди чекор понапред и да ги изненади сите.

Шерифовиќ доби само пофални коментари од фановите, кои напишаа дека венчаницата ѝ прилега.

 

Scroll to Top