(Фото) Милица Павловиќ во друштво на фудбалерот Франк Рибери во Дубаи

Српската пејачка Милица Павловиќ отпатува за Дубаи каде ќе настапи во фан зоната на концерт организиран по повод Светското првенство во фудбал. Таа во Дубаи пристигнала ден пред настапот, па се пофали со фотографија на социјалните мрежи како ужива во друштво на познатиот поранешен француски репрезентативец и играч на Баерн, Франк Рибери.

Милица на 21 ноември отпатувала за Емиратите, а таму се сретнала со пријатели од Србија, со кои отишла на забава. Павловиќ седела во луксузен ресторан, а на масата до неа бил поранешниот француски репрезентативец и играч на Баерн, Франк Рибери, кој веднаш ја забележал нашата пејачка и ѝ подарил цвеќе, пишуваат српските медиуми.

„Милица беше на вечера со пријателите, а Франк Рибери седеше во близина. Тој и испрати шише луксузен пијалок и букет цвеќе. Подоцна се запознаа, па продолжија да се дружат на иста маса, заедно со пријателите, а потоа секој заминал на своја страна“, изјавил извор близок на Павловиќ.

Scroll to Top