(Фото) Милош Биковиќ и девојка му заедно се потат во теретана

Актерот Милош Биковиќ и неговата девојка Ивана Малиќ објавија заедничка фотографија од теретана. Парот ретко објавува заеднички фотографии, но оваа за кратко време собра десетици илјади лајкови.

Актерот и неговата девојка изминатото лето беа заедно на егзотични патувања на Балите и Малдивите, од каде секој посебно објавуваше фотографии како го доживува летувањето.

Ивана и Милош првпат во јавноста се појавија на премиерата на третиот дел од филмот „Јужни ветар“ кој имаше премиера во ноември минатата година.

Милош Биковиќ е главен лик во серијата и филм „Јужни ветар“ кој постигна голема популарност во регионот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miloš Biković (@bikovic)

Scroll to Top