Минатата година, легендарната Моника Селеш откри дека се справува со ретка автоимуна болест – мијастенија гравис. Таа им посочи на странските медиуми дека ѝ требало долго време да си признае дека е болна.
„Играв со моите деца или членови на семејството и ја промашував топката. Мислев дека видов две топки. Ова се, очигледно, симптоми што не можете да ги игнорирате. И оттаму започна ова патување за мене. Ми требаше долго време да го прифатам тоа, да зборувам отворено за тоа, бидејќи е тешка работа. Многу влијае на мојот секојдневен живот“, изјави деветкратната шампионка на Гренд слем во интервју објавено од Асошиејтед Прес во тоа време.
Сепак, Моника Селеш не се откажа, туку продолжи да се бори за својот живот. Таа често споделува фотографии на мрежите што ја документираат нејзината борба, а сега покажа како изгледа откако ѝ беше дијагностицирана невромускулната болест.
Моника позираше во теретана со јога топка во рацете. Носеше комплет за тренинг, а насмевката на нејзиното лице дефинитивно беше забележлива.
Сепак, тоа не е единственото нешто што беше видливо на оваа фотографија. Моника ја покажа и својата витка фигура во средината на борбата со ужасна болест.
Сепак, една од најдобрите тенисерки во светот не се откажува, а судејќи според коментарите на мрежите, и нејзините бројни обожаватели не би сакале таа да се откаже.
„Малку доцнам со мојата новогодишна одлука, но си потсетувам да бидам љубезна и да ја прифатам идејата дека е подобро да се започне малку подоцна отколку воопшто да не се започне“, напиша таа.
Набргу потоа, следеше лавина од коментари и зборови на поддршка.
„Најдобрата тенисерка на светот досега“, „Продолжи, девојко“, „Моника, ти ја испраќаме целата поддршка и љубов! Те сакаме“, се само дел од коментарите…






