(ФОТО) Му се нафрлија петмина – Претепан српскиот пејач

By
Инцидентот се случил на саемот во космајски Тресијам, каде пеел со Зорица Марковиќ.

dobivaj vesti na viber

Ера Ојданиќ, е претепан во текот на претходната ноќ за време на саемот.

На пејачот му се нафрлиле петмина мажи кои му нанеле повреди на ребрата, рацете и главата.

 

Според првите информации, Ери по ќотекот му го украле и златниот ланец, а му украле и околу 1900 евра, кои ги имал со себе. Надлежните органи веднаш стигнале на повикот на лице место, додека Ера после полноќ е однесен во Ургентниот центар.

Зорица Марковиќ за српски Телеграф, изјавила дека се слушнала со Ера, но по тепачлата, поради тоа што тепачката не ја видела.

„Тоа е огромен простор, видов само нешто дека се расправаат, но не видов дека некој се тепаше. Видов подоцна полиција и го побарав, но него го немаше“, изјави Зорица.

„Се слушнав со него денеска, беше на Ургентен. Вели дека е добро, дека одмора. Не ми кажа зошто го тепале“, потврди Зорица.

 

 

Ќе ви се допадне