Сега во прв план ги ставија куварката на сестрите Вилијамс, Лорен вон дер Пул, која е експерт за здрава храна, и која своевремено и му подели на самиот Ѓоковиќ, совети околу вегетаријанската исхрана, која ја практикуваат и Серена и Венус.
Сепак, Британците не застануваат на тоа, туку веќе истакнуваат дека токму поради атрактивната црнка, настана и брачниот проблем меѓу него и Јелена. Тврдат дека Ноле и Лорен, често излегувале заедно на журка и дека Јелена поради тоа била бесна на својот сопруг.
Медиумите пишуваа дека биле на ивица на развод, а наводно, тоа бил и проблем на Ноле во игрите од претходните годинина дена, поради тоа што не можел да се концентрира на терен. Сепак, Ноле и Јелена тоа го демантираа на најдобар можен начин, и нема сомнение дека во бракот му е сјајно, затоа што чекаат и второ дете.
И самата Лорен, демантираше дека имала било каква афера со Ноле, освен што како пријателите понекогаш излегуваат заедно, како и дека му помогнала во исхраната.
„Ноле беше многу кул, згоден човек, но јас му помогнав, затоа што го сметам за пријател, ништо повеќе. Воглавно, јас не сум таков тип на девојка“, изјави Лорен Вон дер Пул, која го прокоментира ноќното излегување со Ноле.
„На крајот на краиштата, убаво е да се забавува човек“, кратко прокоментира Лорен.
Нема сомнение дека овие приказни се поврзани со сјајните игри на Ноле, затоа што Англичаните имаат долг историјат на такви текстови и напади на српскиот тенисер, особено кога бил најдобар на светот. Кога Мари го претекна, малку престана со тоа, но очигледно дека повторно имаат проблем со тоа што се враќа стариот Ѓоковиќ, гладен за успеси и победи.
Неговиот најдобар одговор на овие пишувања ќе биде да го освои Вимблдон, по 4 пат и да го завземе местото број 1 на Мареј. Веќе во понеделникот ќе го има првиот чекор кон тоа, во дуелот во 4 коло против Адријана Манарина од Франција.
Не би било изненадување да некои од британските новинари го запраша и за куварката на некоја од конференциите во обидот да дополнително се поремети.
Погледнете и некои од фотките на Лорен: