Уште по првиот такт „Не давај да те крадат од мене“ беше јасно дека публиката целата песна „Зар е важно дали се пева или се пjева“ ја знае напамет!
Се нижеа стари и нови хитови, а клубот КО беше премал за сите што сакаа да ја чујат и видат Лепа Брена. Најсреќните 1.500 луѓе пееја и се веселеа со својата миленичка.
„Имаше многу радости, веселби, игри, среќа и позитивна енергија! Ја пеевме новата песна повеќе пати, што искрено ме израдува затоа што само тоа потврдува дека го погодивме вкусот на публиката“, изјави Брена по концертот.