(Фото) Ноле во секси хавајки на плажа на Јадранот

Откако победи на Вимблдон, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ летуваше во Црна Гора и Хрватска. Додека одмораше на Јадранското море, тој се сликаше и со фановите, па сега на Инстаграм се споделува фотка од плажа на која тенисерот носи жолти боксерки.

„Ноле има ептен секси хавајки“, коментираат на социјалните мрежи.

Истите боксерки Новак го носеше и додека учеше капоеира, бразилска боречка вештина која вклучува елементи на танц, акробации и музика. Тој видеото од капоеира тренингот го објави на својот инста-профил, па тогаш кажа дека оваа боречка вештина е нешто ново за него, а тој со ова излегол надвор од својата безбедна зона.

Scroll to Top