Северина објави преписка со обожавател на својот Инстаграм профил, а одговорот на пејачката насмеа многумина.
Обожавателот ја праша 53-годишната пејачка кога ќе почне да се облекува според нејзините години. Северина одговори: „Кога ќе ми го позајмиш фустанот од твојата профилна фотографија“ и испрати емотикон во форма на срце.
Нејзиниот одговор ги насмеа фановите.
Северина ова лето настапува низ Хрватска и околните земји, а е позната по своите интересни комбинации кои привлекуваат внимание на нејзините концерти.
фото: принтскрин