(ФОТО) По 30 години Марија од „Жикина Династија“ се појави во јавноста

Култниот филмски серијал „Жикина династија“ освен по незаборавниот Гидра, сите го паметат и поради љубовната приказна меѓу Боба и Марија која ја играше Риалда Кадриќ (53). Првпат по 30 години Риалда повторно се појави на телевизија, а промената е очигледна.

Риалда гледачите ги освои како симпатичната Марија која ја глумеше во осум продолженија од „Жикина династија“.

Hејзината љубов со Боба (го глумеше Владимир Петровиќ) влезе во историјата на југословенската кинематографија.

На почетокот од 90-тите Риалда се пресели во Америка, а потоа во Велика Британија каде моментално работи како психотерапевт.

Таа деновите гостуваше на една од српските телевизии каде подетално раскажа за својот живот по актерската кариера во бивша Југославија.

Scroll to Top