Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ oткако во Дубаи ја освои својата 79-та титула во кариерата, доби уште повредна награда – прегратката од своите деца, Стефан и Тара. Тој овој момент го сподели на својот Твитер профил па ги разнежни и своите фанови. Истата фотографија на својот Инстаграм профил ја објавила и неговата сопруга Јелена.
„Браво, најголеми љубови. Какви шампиони сте вие! Јас сум горда. А сега правец во моја прегратка. Еден по еден. Сите кај мама“., напиша Јелена.