(Фото) Победникот на „Гранд“ стана татко, кинеше маици и лепеше пари на музиката

Алекса Перовиќ, победникот на „Ѕвездите на Гранд“ од пред три сезони, вторпат стана татко. Тој и неговата сопруга Милица добија ќерка. Бебето ќе се вика Срна. Алекса раѓањето на ќерката го прослави со мизика, кинење маици и пари. Сликите од забавата ги објави на социјалните мрежи и се пошегува на сметка на новинарите.

„Шокантно! Кај семејството Перовиќ за раѓањето на ќерката свиреше тој! Ќе ве воодушеват и гостите-изненадување! Пари летаа на сите страни (фото+видео),“ напиша Алекса.

Публиката првпат го запозна Перовиќ кога се натпреваруваше заедно со Даниел Кајмакоски во „Х-фактор“, а потоа победи од жирито во „Ѕвездите на Гранд“ истата година кога Ристе Ристески беше победник од публиката.

 

Scroll to Top