(ФОТО) Политичарите се разголија и ги покажаа тетоважите

Лидерите на Единствена Србија и ЛДП се на одмор, и додека шетаа, гордо ги покажуваа новите тетоважи.

Сезона е на годишни одмори, па и српските политичари тргнаа на пат кон морските дестинации. Како и повеќето граѓани на Србија и лидерите на Единствена Србија и ЛДП, Драган Марковиќ Палма и Чедоимир Јовановиќ, летниот одмор го минаа во Грција. И двајцата се многу активни и на социјалните мрежи, на кои ги објавуваат своите активности, но не се срамат да ги објават и приватните фотографии, особено Јовановиќ. Овие денови се пофали и со новите тетоважи.

Лидерот на Единствена Србија, народниот избраник и претседател на Општината на градот Јагодина, традиционално својот одмор го мина во Паралија, каде неговата парија има и своја канцеларија, која е на располагање на сите државјани на Србија.

Овие денови Палма ужива на грчките плажи, а вниманието го привлече тетоважата која политичарот гордо ја покажа додека шеташе. Марковиќ на десниот бут, истетовира глава на тигар. Познато е дека лидерот на ЈС претседателот и сопственик на Кик боксот клубот „Палмини тигрови“.

Инаку, тигарот е моќен симбол ширум Азија, а тетовирањето на тигар е долго популарно во Индија, Камбоџа, Кина и Јапонија. Тигрите се врзуваат за моќ, бес, страст, убавина крутост. Тигарот често асоцира на моќ и сила, а неретко и на уништување.

Од друга страна, претседателот на ЛДП, Чедомир Јовановиќ на социјалните мрежи се пофали со тетоважа на кракен, морското чудовиште во налик на октопод, на десната подлактица.

Како што дознаваме оваа тетоважа претставува негова лична, и борба воопшто со катастрофата, борба за живот, семејството, борба со спортските повреди.

Scroll to Top