(Фото) Полицијата упаднала на настап на Јелена Карлеуша

Инспексицките служби од Министерството за здравје, заедно со полицијата, упаднаа синоќа на сплавот во Белград, каде што пејачката Јелена Карлеуша имала настап.

Полицијата упадналата во ноќниот клуб „Порт“, кој се наоѓа на сплавовите во Белград. Од службите велат дека не биле почитувани епидемиолошките мерки и против сопственикот ќе биде поднесена прекршочна пријава.

Присутните велат дека Карлеуша била одлично расположена и со нетрпение чекала со своите танчарки да почне со настапот. Сите биле облечени исто и носеле заштитни маски.

Scroll to Top