(Фото) Прекинат концертот на Карлеуша поради дојава за бомба

By

Концертот на Јелена Карлеуша во Бања Лука беше прекинат поради дојава за бомба. Како што пренесуваат медиумите во Босна, дојавата стигнала десет минути пред полноќ. Одма бил извршен преглед од полицијата и утврдено е дека нема опасност, пренесе српски Kurir.

dobivaj vesti na viber

„Карлеуша ја најави последната песна и ја испеа. Тогаш влезе полицијата и ги евакуираше сите“, рече за Nezavisne  еден од посетителите на концертот.

Полицијата рече дека работи на расветлување на случајот.

„Синоќа околу 23:50 часот, непознато лице од телефон се јави во Полициската управа во Бања Лука и пријави дека во тоалетот на угостителскиот објект во населба Ада во Бања Лука е поставена експлозивна направа. Направено е вештачење и утврдено е дека се работи за лажна дојава“, соопштија од Полициската управа на Бања Лука.

Ова не е прва лажна дојава за бомба на концертите на Карлеуша. Во 2013 година таа настапи во ноќен клуб во Тузла, но концертот задоцни поради дојава за бомба.

„Точно е дека полицијата доби дојава за поставена бомба. Го испразнија целиот хотел и клуб во кој имаше голем број луѓе. Се разбира дека ништо не беше најдено и концертот се одржа без никакви проблеми. Босанците се мои браќа и никакви бомби не можат да го расипат односот меѓу мене и моите фанови. Единствена бомба која ја имаше таа вечер бев јас“, рече тогаш Карлеуша.

Ќе ви се допадне