(Фото) Пријовиќ израснала во трошна куќа

Александра Пријовиќ живеела скромно и пораснала во трошна куќа во селото Бели Манастир во источна Хрватска со својата мајка, пишуваат српските медиуми. Тие неодамна го посетиле селото и направиле фотографии од куќата во која пораснала пејачката. Соседите изјавиле дека куќата и денес е мала, но дека е реновирана и дека изгледа многу подобро отколку пред десетина години.

На свои 14 години Пријовиќ почнала да пее и да заработува. Според таблоидите во Србија, иако не била позната, заработувала и по 1.000 евра. Во неколку интервјуа таа рекла дека првите заработени пари, но и секој следен хонорар го давала на своето семејство.

Во 2013 година настапила во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ каде што го освоила третото место.

Scroll to Top