(Фото) Пријовиќ со нов имиџ

Александра Пријовиќ, снаата на Лепа Брена се помалку ја има во јавноста, откако остана бремена. Таа ги откажа сите настапи и заедно со својот сопруг Филип Живојиновиќ , го очекуваат своето прво дете кое треба да се роди во март.

Александра откри дека носи момче кое ќе се вика Александар.

Но, иако е во поодмината бременост, таа подготвува нов албум за своите фанови. Таа на својот „Инстаграм“ објави фотографии и кажа дека се подготвува нешто ново.

Пејачката ја сменила и фризурата, а оние кои ја познаваат велат дека одлично ја поминувала бременоста.

Scroll to Top