(Фото) Првата жена на Боба дојде во домот на Брена

Српските медиуми денеска во живо ја следат свадбата на Филип Живојиновиќ и Александра Пријовиќ. Најголемо внимание пред почетокот на венчавката привлекоа мајките на младенците, Зорица Накиќ, мајката на Филип и Борка Пријовиќ, мајката на Александра. Тие пред свадбата дојдоа на прием во домот на Брена и Боба, а се појавија заедно.

За церемонијата на венчавање Зорица избра долг зелен фустан, а Борка носеше тесен крем фустан што ја следи линијата на телото. Пред да влезат во куќата на Брена, Борка се раслакала и на новинарите им рекла дека плаче од среќа и возбуда.

Двојката, како што пишуваат српските медиуми, ќе се венча во црквата Св. Васиј Острошки, по што ќе организираат прием за гостите.

 

Scroll to Top