Српскиот рапер Стефан Ѓуриќ Раста на својот инстаграм профил објави фотографија на која е бебе и во прегратките на својот татко Драго. Тој со оваа фотографија му го честиташе роденденот на татка си.
„Среќен роденден на најдобриот, најискрениот и на најнерасипаниот човек во овој универзум“, напиша Раста покрај сликата.
Роденденот на таткото Драго му го честитаа и следбениците на Раста. Некои од нив напишаа дека тој е навистина прекрасен човек, а други му посакаа и тој од Тара еден ден да добива вакви пораки.