Еден од најпопуларните рок бендови на просторите на поранешна Југославија, Рибља Чорба, на радост на љубителите на добрата рок музика, синоќа настапи на популарниот сплав „ПОРТ“.
Интересот за нивниот настап веќе со недели однапред беше огромен, а веќе нешто по 11 часот се формираше огромен ред пред Порта. Добро расположениот Бора и членовите на бендот „растураа“ до раните утрински часови, додека публиката со нив на цел глас ги пееја многубројните хитови.