Ана и Срна, близначките на Жељко и Јована Јоксимовиќ, вчера наполнија 3 години, а роденденот го прославија со забава во градина. Темата на забавата беше шеќерен свет: шарени балони, торта, куќичка, лижавчиња и украси во овој стил. Јована објави неколку слики на „Инстаграм“, со порака „Среќен роденден на нашите принцези“.
Освен близначките, познатиот музичар и водителката, го имаат и синот Коста (7), а од првиот брак Жељко ја има ќерката Мина (25).