(ФОТО) Сања Папиќ го облече невестинскиот фустан – Едноставно блескаше

Српската убавица го кажа судбоносното „да“ со својот избраник Мишо Огњеновиќ во Париз.

Сања Папиќ, своевремено беше мис на Србија, се омажи во Париз за својот емотивен партнер адвокатот Мишо Огњеновиќ. Српската убавица која наскоро треба да се породи, носеше на венчавката фустан со боја на шампанско.

На церемонијата, која беше интимна, беа само најблиските пријатели и членови на семејството.

Да се потсетиме, Сања и Миша се во емотивна врска веќе неколку години, а својата романса не ја експонираат во јавност.

Таа на Инстаграм објави и неколку фотки од Париз каде се омажи.

Scroll to Top