(Фото) Се ожени таткото на Александра Пријовиќ

Александра Пријовиќ вчера со сопругот Филип Живоиновиќ присуствуваше на венчавката на својот татко Недељко. За таа пригода српската пејачка се одлучи за едноставен стајлинг. Пријовиќ не носеше потпетици и немаше претерана шминка на себе. Стајлингот беше во согласност со бремената состојба. Идните родители не кријат дека сега се прилагодуваат за доаѓањето на бебето.

Пријовиќ во јавноста излесе со соопштение во кое најави дека ќе ги откаже сите концерти до крајот на годината. Пејачката вели дека целата своја енергија ќе ја насочи на бременоста.

 

Scroll to Top