(Фото) Се вери српската манекенка Данијела Димитровска: Кога ќе го најдеш вистинското, знаеш дека си дома

Српската манекенка и водителка Данијела Димитровска се вери.

Имено, убавата Данијела беше запросена од нејзиниот партнер Јеврем Косниќ, а денес го покажа вереничкиот прстен на својот Инстаграм профил.

Таа порача: „Да. Некои работи не ги планираш, тие едноставно се случуваат. Тивко, моќно, засекогаш. Благодарна сум, среќна, мирна. Затоа што кога ќе го најдеш вистинското, знаеш дека си дома“, напиша Данијела.

Таа претходно беше во брак со водителот Огњен Амиџиќ со кого има едно дете.

Scroll to Top