(Фото) Северина како вештерката Анџелина Џоли во „Трнорушка“

Северина Којиќ за „Ноќта на вештерките“ се маскираше како вештерка. Со шешир на главата со големи црни рогови, пејачката многу наликуваше на Анџелина Џоли во филмот „Трнорушка“.

„Северина дали ти глумеше во филм за „Ноќта на вештерките“ или? Ма сеедно, драго ми е што повторно те гледаме дека си добро“, коментраиле некои од нејзините обожаватели под објавените фотографии на пејачката.

Засега пејачката не постира заеднички фотографии со нејзиниот сопруг Игор Којиќ, со кого како што пишуваат медиумите, не е во најдобри односи. Последен пат биле видени заедно пред скандалот со објавените голи фотографии на социјалните мрежи. Нејзиниот менаџер Томислав Петровиќ изјави тогаш дека, објавените голи фотографии се дело на нејзиниот поранешен партнер, српскиот бизнисмен Милан Поповиќ, со цел да и се одмазди за изгубените судски спорови околу старателството на нејзиниот син.

 

 

View this post on Instagram

 

Mi ❤️ #volimstosevolimo #najboljimuz #tomoradajemagijabebo #ljubavseljubavljuvraca #severina

A post shared by Severina Kojic (@severina) on

Scroll to Top