(Фото) Северина првпат објави фотографија од татко ѝ Север по кого го носи своето име

Северина Вучковиќ (49) го изгубила својот татко Север Вучковиќ кога била млада. Таа ретко зборува за него, а неодамна објави објави фотографија од времето кога тој бил млад. „Татко ми Север“. Многумина коментираа дека таа многу личи на него и дека убавината ја наследила од него.

Таткото на Северина бил камионџија во „Електродалмација’. Роден е во Сплит, каде ја запознал нејзината мајка Ана, која е од Дрниш. Таа работела како келнерка во млечен ресторан во близина на старото игралиште на Хајдук.

Нејзината мајка Ана често кажувала колку го сакала својот сопруг. Па така лани Северина ја откри врската меѓу нејзиното име и таткото. „Моето име некаде значи строгост и правда. Јас сум таква навистина. Татко ми сакаше да се викам Наташа, но мајка ми го обожаваше татко ми, кој се викаше Север. Дедо им даваше имиња на децата по страните на светот. Верувале или не. Имал четири сина – Север, Југ, Исток, Запад, а ќерка му била Даница. Меѓутоа, баба ми не го сакаше тоа. Така татко ми доби уште едно име, а јас го добив името Северина“, откри пејачката во популарната српска емисија „Амиџи шоу“.

Scroll to Top