Хрватскиот фудбалер Шиме Врсаљко објави фотографија со своето бебе. Фудбалерот позираше со синот, кого нежно и внимателно го држеше во рацете. На фотографијата напиша: „Мојата љубов“.
За само еден час, фотографијата собра преку 100 000 лајкови.
„Преслатки сте. Само уживај со бебето. Прекрасно е што ве гледам“, беа само дел од коментарите на фановите на Врсаљко.
По објавата, фудбалерот објави и фотографија со својата сопруга Матеја, со која е во врска од средно школо. Тие се венчаа во Задар минатата година.