Поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер и го честиташе „Денот на вљубените“ на својата сопруга српската тенисерка Ана Ивановиќ.
По тој повод Швајни ја покажа својата нежна и емотивна страна и на својата сопруга и упати убави зборови и честитки. Германецот ојбави фотографија од Ана и напиша романтична порака:
„Многу луѓе имаат прекрасна насмевка, но твојата прави моето срце да сјае. Среќен Ден на заљубените, љубов моја“, порача Швајнштајгер.
Швајни вели дека е еден од оние кои се срамат да ги искажуваат своите емоции, но вели дека со Ана важат за една од познатите двојки кои одлично се согласуваат.