Српските медиуми објавија фотографии од Дара Бубамара која се опила од виски. Таа штом пристигнала на снимање на новогодишна програма, веднаш отишла во студио и го снимила својот дел, а потоа се сместила на маса со колегите. Нарачала виски кое веднаш го испила на екс, нарачала и втора чаша, доволно да се вцрви во лицето и да почне да зборува сè и сешто. Дала две-три изјави за телевизија.
„Мора да одам до тоалет. Не можам да издржам. Пиев, а јас инаку не пијам“, сим е пожалила фолк-пејачката на новинарите.
По половина час претерала со одговорите, како и тоа за синот и неговото шолување.
„ Мојот син никогаш немал непријатности, не оди во овие сељачки училишта, туку во приватно училиште, каде што децата се поуспешни од родителите, политичарите и спортистите. Не се глупаво завидливи селски деца, туку се паметни и знаат која е Бубамара. Тоа се деца кои велат: ‘Твојата мајка е врв’“, изјавила Бубамара, а подоцна пак го дематирала ова, правдајќи се дека била пијана.
„За сељачка школа – бев испровоцирана од страна на новинар на снимање на новогодишна програма, бев уморна и малку пијана. Прославував и за нов втомобил, при што испив неколку чаши виски“, рекла подоцна.