(Фото) Синот Дино ист како Тарик

Со фотографија на „Инстаграм“, хрватскиот актер и водител Тарик Филиповиќ му го честиташе роденденот на постариот син, Дино. „Мојата роденденска среќа… 15“, напиша Тарик покрај сликата, па доби бројни честитки од пријателите.

Тарик од 2007 година е во брак со Лејла, а Дино е нејзин син од првиот брак. Но, Тарик во медиумите постојано изјавува дека тој е и негово прво дете. Вели дека покрај Дино се подготвил за татковството за неговиот помал син, Арман, кој има 10 години.

„Тешко ми е да зборувам за децата. Би можел да ги фалам без престан, ама не сакам да биде невкусно. Ама кога други луѓе ќе ми кажат дека Дино и Арман се убаво воспитани деца, не можам да опишам колку сум горд“, изјави Тарик во интервју за „Стори“ пред неколку месеци.

Scroll to Top