(Фото) Синот на Брена ослабе 50 килограми

Виктор Живојиновиќ, помладиот син на Лепа Брена, ослабе. Тој неодамна на својот инстаграм-профил објави дека кога качил 116 килограми решил дека треба да почне да слабее. Виктор внимава што јаде, се придржува до правилна и балансирана исхрана и се пофали дека веќе симнал 50 килограми.

Прашан како го направил тоа, Виктор рекол дека најчесто јадел салата и месо, а ги исфрлил алкохолот, благото, соковите и тестенините. И Брена се пофали дека Виктор ослабел, па и таа објави фотка со својот син и неговиот нов имиџ.

Scroll to Top