(Фото) Со звуците на мандолини и тамбури, Киќо Слабинац испратен на последното патување

Денеска во Загреб, со звуците на мандолини и тамбури, беше погребан хрватскиот пејач, Крунослав Киќо Слабинац. Од легендарниот музичар се простија членовите на семејството, многу обожаватели, но и колеги, меќу нив и Нина Бадриќ, Жак Худек, Јасна Злокиќ и други.

Последното збогување на Киќо Слабинац се одржа во крематориумот во Загреб. Во моментот кога го погребуваа, на гробиштата во Загреб истовремено со тамбураши во Ѓаково, Жупанија, Валпово, Слатина, Пожега и Сопји ги свиреа неговите хитови „Замина со мирисот на утрото“ и „Тамбурашка разделба“.

Од Слабинац се прости и градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ.

„Роден си во градот на Драва, а најголемиот дел од животот го помина во градот на Сава, која те прифати и сакаше како свој син. Направи доволно за нашата култура за 20 животи. Знам дека животот не те галеше и дека направи се со труд, талентот и Божјата промисла. Беше универзален, Бог ти го даде тоа“, кажа Бандиќ во говорот.

Слабинац почина на 13 ноември во загребскиот КБЦ, каде помина три месеци. Тој имаше операција на срцето и му беа вградени три бајпаси поради сериозно срцево заболување кое ги зафатило сите крвни садови. Оттогаш беше на интензивна нега и поврзан со апарати за дишење. Пред неколку недели требаше да биде одделен од апаратот за дишење, но неговата состојба повторно се влоши,а тој доби пневмонија и инфекција.

Фото/извор: Вечерњи лист/Индекс.хр

 

Scroll to Top