Соседите на Игор Карачиќ ракометарот кој беше еден од најзаслужните што Вардар стигна до својата втора европска титула, му приредија топло добредојде.
„Игоре, комшија, шампионе“, напишале на знакот кој го закачиле на влезната врата.
Карачиќ со одличните игри во Келн, покрај македонските фанови ги освои симпатиите и на пошироката публика и на крајот заслужено беше прогласен за МВП.
Вардар на фајнал-форот во Келн во финалниот меч го победи Веспрем.