Српскиот пејач Жељко Јоксимовиќ синоќа имаше успешен концерт на градскиот плоштад во Пожаревац. Јоксимовиќ пред огромниот број луѓе ги пееше своите хитови до доцна во ноќта.
„Фала ви граѓани на Пожаревац за прекрасниот пречек и енергија што ја споделивте вечерва со мене. Гледам доста млад свет, многу деца. Многу ми е драго што одвоивте време да се дружиме и уживаме во музиката“, изјавил Жељко.
Концертот на Јоксимовиќ е организиран по повод отворањето на 56 Љубичевски игри. Настанот кој ќе трае неколку дена, вклучува многу културно забавни активности.