(Фото) „Срамота е на 60 години носиш евтин пластичен накит и фејк ташни“ – Фановите за стилот на Лидија Вукиќевиќ

Иако фановите на српската глумица Лидија Вукиќевиќ (58) не штедат комлименти за нејзиниот изглед, овој пат тие го критикуваа нејзиниот стил. На една од последните слики што ги објави на „Инстаграм“, Лидија е на аеродром, облечена спортски, со патики и фармерки, но целата комбинацијата не им се допадна на нејзините следбеници. Еден од нив сликата ја сподели на „Твитер“ и напиша дека таа делува жално и евтино.

„Ми се појавува Лидија Вукиќевиќ на Инстаграм, изгледа феноменално, ама зошто жена од 60 години има потреба да носи евтини искинати фармерки, неонска кроп маица, пластичен накит и фејк Луј Витон чанта? Океј секој може да се облекува како што сака ако се чувствува убаво во тоа, ама тажно е кога некој како Лидија нема ни малку стил ни вкус, а ни самосвест за тоа како изгледа“, стои во коментарот напишан на „Твитер“.

Scroll to Top