Покрај познати имиња од светот на филмот и забавата, Канскиот филмски фестивал секогаш наоѓа место и за некои од најпопуларните модни инфлуенсери.
Меѓу нив овој пат беше и Тамара Калиниќ, српската најпозната инфлуенсерка која има два милиони следбеници на Инстаграм. Тамара блесна во разни комбинации на облека на 78-то издание на фестивалот…
И додека првите две вечери таа избра бели креации од брендови специјализирани за венчаници, на третата оддаде почит на гламурот од старата школа.
Таа носеше светкава креација од либанскиот моден дизајнер Ели Сааб.
Ова е фустан од најновата колекција есен/зима 2025/2026, која беше прикажана на Неделата на модата во Париз.