Најозборуваните дами во Србија, Станија, Сораја и Карлеуша, мораа да се откажат од сè она што ги прави популарни поради Ковид-19. И додека е пандемијата во светот, српската старлета Станија одвреме-навреме излегува на терасата во Нови Сад, каде што се наоѓа во самоизолација. Неодамна позираше за еден фотограф.

Друга старлета, Сораја, која на социјалните мрежи ги известува пријателите како ги поминува деновите во карантин, е во друштво со атрактивната пријателка Елена. Сораја откри дека ја планира свадбата која е закажана во јуни и сè уште не ја откажала.

Јелена Карлеуша времето во карантин го поминува со својот сопруг Душко Тошиќ и нивните две деца. Таа се најде во центарот на вниманието кога се пофали со парите кои нема каде да ги троши поради пандемијата.