(Фото) Таен обожавател ја нападнал Сандра Африка во ресторан во Белград

Српската пејачка Сандра Африка во понеделникот на 25 април била нападната од непознат маж во еден ресторан во Белград. Како што шпекулираат тамошните медиуми, станува збор за нејзин обожавател од Хрватска кој ја следел подолго време.

Пејачката по инцидентот поднела пријава во полиција, а пред станицата ја дочекале голем број фотографи и новинари. Тие рекоа дека Сандра изгледала исцрпено и била уплашена. Таа подоцна за српски „Курир“ рече дека не знаела што сакало лицето кое ја нападнало од неа.

„Човекот ме прогонува веќе година дена и наеднаш се појави пред мене и ме праша дали знам кој е. Не знам што сакаше, дали само да разговара или нешто друго“, рече пејачката и додаде дека тој им се заканувал на сите кои биле во нејзина близина.

По пријавата, полицијата веднаш реагирала и на терен испратила три пароли да го бараат напѓачот кој бил во бегство. Како што пренесуваат медиумите подоцна успеале да го приведат.

Scroll to Top